Аматерски хуманитарен тениски турнир во срцето на Маврово
Мavrovo Open 2025 започна како волонтерска иницијатива на група пријатели чии животи се испреплетуваат во Маврово.
Нашиот поттик беше едноставен: да го оживееме запуштениот тениски терен во Маврови Анови и да создадеме настан што ќе ја поврзе заедницата.
Турнирот ја носи и нашата најважна цел — хуманост: сите средства од котизациите се донираа за поддршка и обнова на основното училиште во Маврово.
Во 2026 продолжуваме понатаму. Стани дел од заедницата.
Три викенди тенис, музика и дружба во срцето на Маврово. Погледни го промо видеото за второто издание на најзабавниот спортски настан за аматери — и резервирај го своето место.
Натпреварувај се →Аматерски и semi-pro натпревари на едно од најубавите тениски игралишта во земјава, три викенди исполнети со спорт и дружба во срцето на Маврово.
DJ сетови на отворено, fitness активности и содржини за најмалите — за целото место да живее во ритамот на летото.
Локални специјалитети, освежителен smoothie bar, SCOOP special сладолед и препознатливиот Grand Slam cocktail — создадени за уживање и долги летни денови покрај езеро.
Бесплатен shuttle превоз со партнерот ABC Rent a Car — за полесно, поудобно и поеколошко пристигнување до настанот.
Прошетки покрај езеро, свеж воздух и погледи кон Бистра што остануваат во сеќавање долго по завршувањето на викендот.
Mavrovo Open секогаш ќе биде настан со мисија за враќање кон заедницата насочена кон локалната заедница и промоција на спортот кај младите.
Тениски терен среде природата — со поглед кон Мавровското Езеро и планината Бистра, на место кое ги инспирираше основачите на турнирот да го оживеат спортот во заедницата.