Волонтерска иницијатива што стана најголемиот аматерски тениски настан во регионот.
Mavrovo Open започна во 2025 како волонтерска иницијатива на група пријатели. Го оживеавме запуштениот тениски терен во Маврови Анови и создадовме настан што ја поврзува заедницата.
Исчистивме дива депонија, израмнивме терен со 30+ камиони земја, поправивме рефлектори за ноќни натпревари и координиравме со три институции — НП Маврово, ЈПКД Маврово и Општина Маврово и Ростуше.
Сите средства од котизациите одат за поддршка на локалната заедница. Во 2025 ги обновивме просториите на основното училиште во село Маврово.
За да го реализираме Маврово Опен на оваа локација, моравме да преземеме низа чекори:
Дел од активностите беа реализирани со помош на Општината, ЈПКД Маврово и НП Маврово
Игралиштето преземаше вегетацијата и постоеше ризик да пропадне како функционален јавен простор...
На местото затекнавме депонија од кабаст отпад за чие расчистување беше потребно да организираме механизација...
Отпадот беше отстранет со багери, а девастираната површина ја обновивме со повеќе од 30 камиони земја и целосно ја израмнивме со ваљак... За организација на камионите земја се погриживме самите.
Го ослободивме просторот околу теренот од неконтролирана вегетација што почнуваше да го зазема игралиштето – за да овозможиме поставување на трибини и циркулација на публиката...