Волонтерите се срцето на Mavrovo Open — луѓето што ја создаваат атмосферата и едно лето што се памети.
Mavrovo Open не е само спортски настан, туку заедница создадена од луѓе што веруваат во спортот, природата и позитивните промени во Маврово.
Волонтерите се срцето на настанот — луѓето што ја создаваат атмосферата, ги пречекуваат посетителите, помагаат сè да функционира и стануваат дел од едно летно искуство што се памети.
Со приклучување во тимот на Mavrovo Open, стануваш дел од иницијатива што:
Mavrovo Open е повеќе од турнир — тоа е спој на спорт, музика, природа и луѓе. Како волонтер, ти си дел од таа приказна. Погледни како изгледа атмосферата на настанот.
Пријави се како волонтер →Волонтирањето не значи само помош на настан — туку можност да учиш директно од професионалци. Секој сектор има свој тим лидер и ментор, од кого волонтерите учат практични вештини и добиваат реално искуство.
Ќе работиш заедно со спортскиот директор и ќе учиш како функционира организацијата на тениски турнир — од правила на игра, распоред и координација, до комуникација со играчи. Ќе се грижиш играчите, гостите и публиката да имаат одлично искуство.
Ќе работиш со оперативниот менаџер и ќе бидеш дел од позадинските операции — координација на опрема, поставување простор, техничка организација и сите детали што овозможуваат настанот да функционира беспрекорно.
Ќе соработуваш со IT менаџерот за да се осигура дека live преносот, камерите, резултатите и екраните функционираат без прекин. Идеално за луѓе што сакаат технологија, продукција и спортски преноси.
Ако имаш „око“ за кадар, сакаш фотографија, видео, дизајн или социјални мрежи — ова е можност за практично искуство во креативна продукција. Ќе помогнеш Mavrovo Open да се претстави во најдобро светло.
Поддршка за еко активности, селекција на отпад, логистика и иницијативи што придонесуваат за поодржлив и поорганизиран настан.
Помош околу креативни, спортски и едукативни активности за деца и семејства за време на настанот.
Волонтерско искуство на регионален спортски настан
Сертификат за учество
Mavrovo Open volunteer пакет
Храна и освежување за време на смена
Нови пријателства, контакти и искуства
Можност да бидеш дел од тим што создава позитивни промени
Не мора да имаш претходно искуство. Важно ни е твојот став и енергија.
Волонтерите ќе бидат ангажирани за време на викендите на одржување на Mavrovo Open 2026, со можност за вклучување и во подготовките пред настанот.
Пополни ја формата подолу и ние ќе те контактираме.