Донирај

Донирај

Спортот нè собира, но целта нè движи — подобри услови за децата од Маврово.

🎓 Образование 📍 Маврово

Да го обновиме училиштето во Маврово

Место каде децата учат, играат, растат и се дружат.

Организатор Mavrovo Open Tennis Cup
Корисник ОУ „Денче Дејаноски“, с. Маврово
Платформа WhyDonate

Минатата година, 32 аматери тенисери се приклучија на нашата идеја – преку тенис и добра дружба на планина, да направиме нешто добро за Маврово.

Од самиот почеток, Mavrovo Open го замисливме како нешто повеќе од тениски турнир. Сакавме преку спортот да создадеме позитивна промена на локално ниво и заедно да придонесеме за поубаво, поактивно и поспортско Маврово.

Но, од старт верувавме дека промената треба да започне од најважните членови на секоја заедница – децата.

Не можевме да замислиме да уживаме во тенисот и Маврово, додека четири деца од локалното училиште во село Маврово учат и растат во услови кои можат да бидат многу подобри.

Затоа, 32-та учесници на првото издание на Mavrovo Open ја донираа својата котизација за поддршка на ОУ „Денче Дејаноски“. Заедно со донатори, општествено одговорни компании и луѓе од заедницата, успеавме да направиме важни подобрувања во училиштето – ја реновиравме големата училница затоа што од септември во школото ќе учат уште 3 првачиња.

Тоа беше нашиот прв чекор. Оваа година сакаме да го направиме следниот.

Спортското игралиште пред училиштето има потреба од целосна реконструкција. Сакаме да создадеме безбеден и функционален простор каде децата ќе можат да играат, да спортуваат и да поминуваат време заедно.

Ова е инвестиција во просторот што го користи училиштето и идните генерации кои ќе растат во Маврово.

За што собираме средства?

Сите средства собрани преку оваа кампања ќе бидат наменети за реконструкција и подобрување на спортското игралиште, вклучувајќи:

  • довршување на реконструкцијата на училницата
  • реконструкција на подлогата на игралиштето
  • безбедна подлога и обележување на теренот
  • опрема за спорт и игра
  • уредување на просторот за да биде побезбеден и пофункционален

Зошто Mavrovo Open?

Mavrovo Open е хуманитарен тениски турнир со цел што оди подалеку од тенисот.

Три последователни викенди во Маврово ги собираме тенисерите, посетителите, локалните жители и пријателите на турнирот за спорт, дружење и заедничка мисија – да направиме нешто конкретно и корисно за местото што го сакаме.

Минатата година, 32 тенисери ја направија првата промена возможна.

Оваа година, ни треба вашата помош за да го направиме следниот чекор.

💚 Донирај сега 🔒 Безбедно преку WhyDonate

Што значи твојата поддршка

Секоја донација, колку и да е мала, нè доближува до завршување на проектот.

🏫

Поддршка за училиштето

Средствата одат директно во обнова на просторот во кој децата учат и растат секој ден.

⛹️

Простор за движење

Функционално игралиште значи повеќе спорт, повеќе игра и поздраво секојдневие.

🤝

Силна заедница

Проектот ја поврзува локалната заедница со играчите и партнерите на Mavrovo Open.

Што направивме минатата година

Инвертер клима уреди за греење Заменет под Пребоени ѕидови

Не мора да бидете дел од турнирот за да бидете дел од иницијативата. Можете да донирате преку оваа кампања или да ја споделите со некој кој би сакал да ни помогне.

Секоја донација нè носи еден чекор поблиску до ново, безбедно и функционално игралиште во Маврово.

Ајде заедно да го завршиме она што го започнавме.

💚 Донирај сега