MO25

Mavrovo Open 2025

Прво издание • 2025

Доживеј ја енергијата

Mavrovo Open е повеќе од турнир — тоа е спој на спорт, музика, природа и луѓе. Погледни како изгледа атмосферата на настанот.

Натпреварувај се →

Резултати — MO25

Турнирска ждрепка и резултати од натпреварите

Се вчитува...

За да го реализираме Маврово Опен на оваа локација, моравме да преземеме низа чекори:

  • Ги исчистивме дива депонија со механизација
  • Ја исковсивме тревата и го уредивме зеленилото
  • Го израмнивме теренот со 30+ камиони земја (самостојно организирано)
  • Ги расчистивме пешачките патеки кои водат до игралиштето и околината
  • Ги поправавме рефлекторите и струата за да има ноќни натпревари
  • Координиравме три различни институции и успеавме да соработуваме со нив во насока на секоја од нивните надлежности (НП Маврово, ЈПКД Маврово и Општина Маврово и Ростуше)
  • Го подготвивме просторот да стане функционална зона за движење на посетителите
  • Ја изнајмивме приватната куќа која се наоѓа веднаш до игралиштето за да ја адаптираме во фан зона и зона за храна, пијалоци и музика

Дел од активностите беа реализирани со помош на Општината, ЈПКД Маврово и НП Маврово

Влез во игралиштето - пред и потоа

Игралиштето преземаше вегетацијата и постоеше ризик да пропадне како функционален јавен простор...

Депонија - пред и потоа

На местото затекнавме депонија од кабаст отпад за чие расчистување беше потребно да организираме механизација...

Терен со земја - пред и потоа

Отпадот беше отстранет со багери, а девастираната површина ја обновивме со повеќе од 30 камиони земја и целосно ја израмнивме со ваљак... За организација на камионите земја се погриживме самите.

Вегетација околу теренот - пред и потоа

Го ослободивме просторот околу теренот од неконтролирана вегетација што почнуваше да го зазема игралиштето – за да овозможиме поставување на трибини и циркулација на публиката...

Спонзори