Второ издание • 2026

Аматерски хуманитарен тениски турнир во срцето на Маврово

28 • 29 • 30
Август
05 • 06 • 08
Септември
19 • 20
Септември
Регистрација

Пријави се како играч

Котизација: 3.000 ден. Сите средства одат за хуманитарната мисија.

Пријавите се затворени — процесот на пријавување е завршен.
Котизација
3.000 ден.
Намена
100% за хуманитарната мисија
Преостанато време до затворање на пријавите
--
Денови
--
Часа
--
Мин
--
Сек
Пријавите се затвораат во недела, 14 јуни 2026 (UTC+02:00).
До овој датум е потребно да биде уплатена и котизацијата од 3.000 ден.

Листа на пријавени натпреварувачи за МО26

Листата се ажурира автоматски

Се вчитува...

Правила на игра

Mavrovo Open се игра по систем на директна елиминација низ три викенди. Ждрепката е поделена на две половини — едната се игра првиот викенд, другата вториот — а последниот викенд е резервиран за полуфиналињата и финалињата.

Подолу е сè што треба да знаеш пред да излезеш на терен: форматот на мечот, броењето поени и што се игра во кој ден.

1

Формат на мечот

Форматот подолу важи за машка и за женска конкуренција. Двојки Про има свој формат — опишан во точка 4.

🎾

Два добиени сета

Мечот се игра на два добиени сета. Секој сет се игра до 6 освоени гема.

⚖️

Тај-брејк при 6:6

Ако сетот стигне до резултат 6:6, се игра тај-брејк кој го одлучува сетот.

🔟

Супер тај-брејк (до 1/4 финале)

Во сите фази заклучно со четвртфиналето, при резултат 1:1 во сетови наместо трет сет се игра супер тај-брејк до 10 поени.

🏁

Полн трет сет (полуфинале и финале)

Во полуфиналињата и финалињата се игра регуларен трет сет до 6 гема, со тај-брејк при 6:6. Без супер тај-брејк.

⚔️

Директна елиминација

Нема групна фаза — поразениот го завршува своето учество во турнирот.

2

Броење при резултат 40:40

Единствената разлика меѓу фазите е како се решава изедначениот гем.

1/32 финале 1/16 финале Двојки Про · сите фази

Одлучувачки поен

При 40:40 не се игра предност. Се игра еден одлучувачки поен кој директно го решава гемот. Ова го држи темпото на турнирот во деновите со најмногу мечеви.

1/8 финале 1/4 финале Полуфинале Финале

Класично броење

При 40:40 се игра регуларно, со предност — гемот трае сè додека еден играч не освои два поени по ред.

3

Како е поделен турнирот

Половина од ждрепката се игра првиот викенд, другата половина вториот. Секој од тие два викенда дава по двајца полуфиналисти кај мажите и двајца кај жените, кои се среќаваат на последниот викенд.

Прв викенд
28 – 30 август
Петок · Сабота · Недела
Се игра првата половина од ждрепката.
Резултат: 2 полуфиналисти (М) + 2 полуфиналистки (Ж)
Втор викенд
5, 6 и 8 септември
Сабота · Недела · Вторник
Се игра втората половина од ждрепката.
Резултат: 2 полуфиналисти (М) + 2 полуфиналистки (Ж)
Финален викенд
12 – 13 септември
Сабота · Недела · 2 дена
Полуфинала, мечеви за трето место и финале.
Тука се игра и целиот турнир во Двојки Про.
4

Што се игра во кој ден

Ист распоред важи и за првиот и за вториот викенд — само со различната половина од ждрепката.

Ден 1
Старт на викендот
Мажи
1/32 финале
Жени
1/8 финале
Прва половина од мечевите.
Ден 2
Втор ден
Мажи
1/16 финале
Жени
1/8 финале
Втора половина од мечевите.
Ден 3
Одлучувачки ден
Мажи
1/8 и 1/4 финале
Победниците од 1/8 играат втор меч истиот ден.
Жени
1/4 финале
⏱️ Во третиот ден од викендот, машката конкуренција игра два меча во ист ден — 1/8 и 1/4 финале. Помеѓу двата натпревара е предвидена солидна пауза за одмор и опоравување.
Финален викенд · 12 – 13 септември
Ден 1 · Сабота
Полуфинала
Мажи
Полуфинале
Жени
Полуфинале
Двојки Про
1/4 финале
Ден 2 · Недела
Финала
Мажи
Финале и меч за трето место
Жени
Финале и меч за трето место
Двојки Про
Полуфинале и финале
Без меч за трето место.
Двојки Про

Формат на Двојки Про

  • Целиот турнир во двојки се игра само на финалниот викенд (12 – 13 септември).
  • Сабота: 1/4 финале. Недела: полуфинале и финале — без меч за трето место.
  • Мечот се игра на два добиени сета до 6 гема, со тај-брејк при 6:6.
  • При резултат 1:1 во сетови се игра супер тај-брејк до 10 поени — во сите фази, вклучително и финалето.
  • При 40:40 се игра еден одлучувачки поен — во сите фази.
🏆 На крајот од секој од првите два викенда се знаат по двајца полуфиналисти во машка и двајца во женска конкуренција. Тие се среќаваат на финалниот викенд, кој трае два дена — во сабота полуфиналињата, во недела финалињата и мечевите за трето место.

Двојки Про Турнир

Тимовите што играат во Про конкуренцијата. Отвори тим за да ги видиш профилите на двајцата играчи.

Mavrovo Open 2026

Три викенди тенис, музика и дружба во срцето на Маврово. Погледни го промо видеото за второто издание на најзабавниот спортски настан за аматери — и резервирај го своето место.

Поддржи го Mavrovo Open 2026
Стани дел од приказната — како партнер или донатор
Стани партнер Донирај
Спонзори